Бројот на жртви од високите температури кои ја зафатија пакистанската покраина Синд достигна речиси 700 лица, поради што властите побарале од Националната служба за вонредни ситуации да преземе итни мерки за заштита на населението.
Во борба со екстремните горештини учествува и војската, која веќе поставила посебни центри за прва помош од високите температури.
Поголем број од починатите се повозрасни луѓе од сиромашни семејства во градот Карачи, каде температурите во последните денови се измерени 45 степени.
Секретарот за здравство во покраината Синд, Саид Мангнеџо изјави дека во главната во Карачи, во последните четири денови, од последици на топлотен удар починале 612 лица, а уште 80 го загубиле животот во приватни болници. Повеќе илјади луѓе се задржани на лекување, а некои од нив се наоѓаат во критична состојба.