Речиси 60 отсто од патниците во ЕУ не си ги знаат своите права

Од:

Речиси една третина од граѓаните на ЕУ или поточно 31 процентм се свесни за нивните права и обврски при купување на билет за патување, додека 59 отсто од патниците не ни занеле за нив.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, го покажуваат резултатите на новата анкета на Евробарометар за правата на патниците, што денеска ги објави Европската комисија.

Резултатите од ова истражување на Евробарометар покажуваат и многу високо ниво на задоволство меѓу патниците на кои им треба помош поради попреченоста во движењето, па 81 отсто од нив се задоволни со помошта што ја добиле.

Европската комесарка за транспорт Виолета Булц, истакна дека граѓаните се приоритет број еден кога станува збор за европскиот транспорт и дека таа ќе работи да се осигура тие да бидат свесни за своите права кога патуваат.

– Важно е дека правата не постојат само на хартија. Денешното истражување покажува дека е направен напредок, особено за лицата со попреченост или намалена подвижност, но јасно е дека може да се направи и уште повеќе. Сепак да не заборавиме дека граѓаните на ЕУ се опфатени со правата на патниците со законите на Унијата во однос на тоа каде и колку тие патуваат, истакна еврокомесарката Булц.

Според неа, податоците на Евробарометар покажале дека е направено брилијантно достигнување за ЕУ и дека сега приоритет ќе биде да се обезбеди сите Европејци да ги знаат своите права кога патуваат.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он