Речиси 5,7 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот минатата недела

Од:

Речиси 5,7 милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани ширум светот во изминатите седум дена, што е за осум проценти повеќе од претходната недела, соопшти Светската здравствена организација.

Стапката на смртност исто така се зголеми за пет проценти, и регистрирани се 87.000 смртни случаи од Ковид-19.

– На глобално ниво, бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголеми деветта недела по ред, а минатата недела беа пријавени скоро 5,7 милиони нови случаи, се наведува во билтенот на СЗО.

Најдрастично зголемување на бројот на случаи е регистрирано во Југоисточна Азија, пред сè во Индија. Во тој дел од светот се регистрирани 2,26 милиони новозаразени и 17.000 смртни случаи.

Бројот на новозаразени во Европа падна за 12 проценти, во Африка за девет и во Северна и Јужна Америка за осум проценти.

Во Југоисточна Азија има зголемување на смртноста за 81 процент.

Во Европа, во изминатите седум дена биле заразени повеќе од 1,46 милиони луѓе, додека 25.000 пациенти починале.

Во Северна и Јужна Америка, бројот на новозаразени е 1,4 милиони, а за седум дена починале 36.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана