Речиси 20.000 руски доброволци вакцинирани со втора доза од „Спутник V“

Од:

Првата компонента од руската вакцина „Спутник V“ ја примиле 26.000 волонтери, додека 20.000 волонтери веќе се вакцинирани по вторпат, изјави Дени Логунов, заменик директор на центарот „Гамалеја“, што ја разви оваа прва руска вакцина против коронавирусот.

-Во моментов веќе вакциниравме 26.000 лица со првата компонента, додека речиси 20.000 волонетери ги примија двете вакцини, рече Логунов за Тасс.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрира вакцина против коронавирусот, што ја нарече „Спутник V“, а ја разви Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ на руското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај