Стотина загинати во невремето што го зафати Мексико

Од:

Невремето предизвикано од поројните дождови што го зафатија Мексико изминатата недела досега однесе речиси 100 жртви. Дождовите предизвикаа голем број поплави и лизгање на земјиштето.

Мексиканските власти денеска соопштија дека изгубиле контакт со хеликоптер што учествувал во операција за спасување на жртвите во поплавите.

Шефот на националната цивилна безбедност изјави дека хеликоптер на федералната полиција „блек хоук“ на безбедна локација пренел група жители на селото Ла Пинтада, по што бил загубен контактот со него.

Според него во хеликоптерот се наоѓале пилот, копилот и механичар.

Локалните медиуми објавија дека постои можност хеликоптерот да слетал некаде принудно поради лошите временски услови. Во селото Ла Пантада 68 лица се водат за исчезнати, а над 330 се евакуирани. Околу 30 локални жители останале во селото во потрага по повредени.

Во неверемето што го зафати Мексико досега животот го загубија 97 лица.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори