Речиси 100.000 Израелци вакцинирани за еден ден

Од:

Речиси 100.000 Израелци се вакцинирани за еден ден, што е нов дневен рекорд од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во таа земја, соопшти денеска Министерството за здравство.

Досега се вакцинирани вкупно 379.000 лица, а министерот за здравство Јули Еделштајн ги пофали здравствените работници и сите задолжени за вакцинирање, како и јавноста што одговори на кампањата.

Еделштајн најави дека вакцинацијата ќе биде забрзана, а Израел сега е прв во светот според бројот на вакцинирани по глава на жител, малку пред Бахреин, но далеку во споредба со другите земји во светот.

Во неделата се вакцинирани речиси 100.000 луѓе, а евидентирани се речиси 3.500 нови случаи на инфекција, и уште 784 утрово, така што бројот на активни случаи се зголеми на речиси 35.600, а бројот на смртни случаи на 3.226.

Целта на Израел е да вакцинира 150.000 луѓе на ден, а премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека се надева дека повеќе од два милиона Израелци ќе бидат вакцинирани до крајот на јануари, јавуваат израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Израел целосно ги укина ковид-пропусниците

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година