Реакција на Русија: НАТО ја потврдува агресивната политика

Од:

НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика на приклучување на Украина во НАТО блокот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој алудираше на зборовите на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој рече дека Украина што поскоро ќе стане членка на таа организација.

Имаме работа со агресивен блок кој навлегува во нашата безбедност“, рече Песков.

Генералниот секретар на НАТО денеска потврди дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласуваат Украина да се приклучи на блокот, иако сегашната цел е Украина да ја победи Русија.

„Како што реков вчера во Киев, иднината на Украина е во семејството на Алијансата. Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата“, рече шефот на НАТО, додавајќи дека главното внимание на пактот сега е фокусиран да обезбеди победа над Русија.

„И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што е започната Специјалната воена операција (СВО), а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката за нејзино започнување била исправна, бидејќи се обидуваме да обезбедиме безбедноста на Русија“, рече тој.е Песков.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски