Реакции за примирјето меѓу Израел и Либан

Од:

Светските лидери го поздравија прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, кој стапи на сила, изразувајќи надеж дека тоа ќе го отвори патот за траен мир во регионот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека прекинот на огнот е „олеснување“, додавајќи дека конфликтот веќе одзел премногу животи и повика на „пат кон траен мир“ со целосно почитување на суверенитетот на Либан. Таа, исто така, нагласи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош за либанското население, додека претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, рече дека Унијата ќе продолжи да го поддржува Либан.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, го опиша прекинот на огнот како „клучен чекор“ за стабилност на Блискиот Исток и изрази надеж дека тоа наскоро ќе доведе до мир. Дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати испрати слична порака, нагласувајќи ја важноста од спречување на понатамошна ескалација и создавање услови за стабилност во регионот.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и им се заблагодари на САД за посредништвото во постигнувањето договор.

„Се надевам дека ова ќе го отвори патот за преговори за долгорочно решение на конфликтот и ќе придонесе за напорите за траен и сеопфатен мир во регионот“, рече тој.

Тој ги повика сите страни да го почитуваат прекинот на огнот и „да се придржуваат кон меѓународното право во секое време“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Израелски полицајци претепаа арапски обвинител

Катерина Ѓуровски

Израелците изградиле тајна база во ирачката пустина, овчар ја загрозил целата операција, објави Волстрит џурнал

Катерина Ѓуровски

Хезболах објави видео: Дрон погоди израелски тенк, војник се обиде да избега

И покрај американските закани, Путин продолжува да му помага на Иран

Израел: Убивме 220 борци на Хезболах од прекинот на огнот