Реакции во САД на претерувањето на американски новинари од страна на Кина

Од:

Американскиот Стејт департмент, повеќе редакции, новинари и експерти во САД реагираа откако Кина порача дека протерува неколку американски новинари кои известуват од земјата.

Се работи за новинари на весниците Њујорк тајмс, Волстрит журнал и Вашингтон пост, акредитирани да работат на територијата на Кина до крајот на годинава. Како што синоќа објави кинеското МНР, новинарите ќе бидат лишени од акредитациите во наредните десет денови.

Доплнително, од овие весници, од неделникот Тајм и од Гласот на Америка Кина побара документација за нивната работаво земјата, што значи дека сите се соочени со бирократски пречки и ќе бидат спречени да работат.

Oдлуката дојде неколку недели откако Вашингтон ги ограничи активностите на кинески државјани кои во САД можат да работат за петте кинески државни медиуми.

-МНР на Кина се правда дека ова е симетричен одговор на дејствата на САД (против кинески медиуми во Америка), изјави Грајлинг Кин, претседател на Институтот за новинарство при Националниот прес клуб во Вашингтон.

Според неа, таквиот изговор е некоректен бидејќи мерката преземена од Кина е видлива ексалација која може да доведе до тоа двете земји да не бидат во тек што се случува кај двете страни.

-Во време кога Ковид-19 беснее низ целиот свет, еден од најдобрите начини на дезинфекција се сувите факти, откривани и донесени до јавноста од професионални и независни новинари, изјави таа.

Од Клубот на странски дописници во Кина се сомневаат дека од земјата можат да бидат депортирани најмалку 13 американски новинари.

-Во ситуација кога двете водечки економски држави во светот ги користат новинарите во својство на дипломатски пиони, нема да има победници, се вели во синоќешната изјава на клубот.

Од американскиот Стејт департмент укажаа дека е некоректно да се споредуваат одлуките преземени во САД и во Кина и дека кинеските медиуми во САД работат во својство на мегафони на пропаганда

-Според американските закони, ние установивме дека тие во САД дејствуваат како странски мисии. Тоа се неспоредливи работи, жалам што Кина донесе такво решение и уште повеќе ги ограничува можностите што светот ги дава за слободна работа на медиумите, изјаво Мајк Помпео.

Редакциите на сите три американски весници го осудија решението на Кина.

-Здравјето и безбедноста на луѓето по цел свет зависи од објективното известување за тоа што се случува во двете најголеми економии во светот, кои во моментов водат се борат со една епидемија, напиша синоќа Дин Бекет, главен уредник на Њујорк тајмс.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак