Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги критикуваше зборовите на генералниот секретар на НАТО дека е дојдено време членките на воениот блок предводен од САД да ја преиспитаат својата политика и да дозволат Украина да користи западно оружје за да изврши напади на руска територија.

Таа го обвини Јенс Столтенберг за подигање на тензиите со Москва.

Освен неа, Столтенберг го критикуваа и други високи функционери на Италија.

„Не знам зошто Столтенберг кажа такво нешто, мислам дека треба да бидеме многу внимателни“, изјави Мелони за италијанскиот ТВ канал „Раи 3“ и сепак нагласи дека „НАТО мора да остане цврст, а не да дава сигнал дека попушта“ но дека мора да се биде внимателен во овој поглед.

Премиерката додаде дека има „многу спорни изјави“, потсетувајќи дека му замерила на францускиот претседател Емануел Макрон поради неговите идеи за потенцијалното испраќање војници во Украина.

Нејзиниот заменик и лидер на десничарската партија „Лига“, Матео Салвини, секако беше поостар во оценката за зборовите на Столтенберг, кој на изборниот митинг рече дека лидерот на Алијансата „не може да зборува за италијанскиот народ“.

„НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, ниту некој може да не принуди да испратиме италијански војници да се борат или да загинат во Украина“, рече Салвини, тврдејќи дека Рим испраќа оружје во Киев само за да се „одбрани“, а не да се „бори, удри и убива надвор од неговата територија“.

„Овој господин треба или да се извини, да ја „среди“ својата изјава или да поднесе оставка“, додаде Салвини.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани исто така инсистираше на тоа дека оружјето што Италија го испраќа во Киев мора да се користи само во Украина.

Коментарите на шефот на НАТО доаѓаат во време кога западните лидери даваат похрабри изјави за напади на руска територија. Сепак, според Москва, тврдењата за постојните ограничувања за употреба на американска муниција се лажни и дизајнирани да ја задржат илузијата дека Западот не е дел од конфликтот.

„Ние тргнуваме од фактот дека американското и друго западно оружје гаѓа цели на територијата на Русија, пред се цивилна инфраструктура и станбени области“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, истакнувајќи дека американското оружје, како што се ракетите ATACMS, веќе се употребени за напади во Русија, вклучително и напади врз цивилни цели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија