Разговорите за Брегзит продолжуваат, уште многу прашања на маса

Од:

Додека продолжуваат преговорите за Брегзит, ирскиот премиер Лео Варадкар оцени дека постои можност да се постигне договор, но и дека има многу прашања кои се уште се на маса и треба да се решат.

Варадкар, кој утрово телефонски разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон и Европската комисија, изрази надеж дека тие прашања ќе се решат во текот на денот.

Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат на дводневниот самит кој почнува утре во Брисел, со што ќе се отвори пат за гласање на британските пратеници на посебна седница на Парламентот, закажана за в сабота.

Меѓутоа, Вардакар смета дека дури и да не се случи тоа, крајниот рок за излез на Велика Британија 31 октомври е „за неколку недели и постои можност за одржување друг самит претходно, доколку е потребно“.

Преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние ги предупреди членовите на ЕК кои ги надгледуваат преговорите за најновите разговори, кои ќе им бидат претставени и на парламентарците.

Би можело да ве интересира

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин