Разговараа Трамп и Шолц

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп синоќа телефонски разговарале за да размениле мислења за билатералните односи и геополитичките предизвици, изјави портпаролот на германската влада.

„Канцеларот ја истакна подготвеноста на германската влада да продолжи со децениската успешна соработка меѓу владите на двете земји. Тие, исто така, се согласија да работат заедно за враќање на мирот во Европа“, рече Штефен Хебестрајт.

За време на неговиот прв претседателски мандат, Трамп силно ја критикуваше Германија за, како што сметаше, недоволните воени трошоци, германскиот трговски суфицит и германско-рускиот гасовод Северен тек 2.

Шолц истакна дека Германија сега троши 2 отсто од својот бруто национален производ за одбрана, во согласност со насоките на НАТО.

Канцеларот, исто така, јасно стави до знаење дека очекува Трамп, кој победи на изборите во САД и треба да се врати во Белата куќа во јануари, да ја исполни посветеноста на претседателот во заминување Џо Бајден да постави американски ракети со среден дострел во Германија.

„Го потпишавме тој договор со САД. Тоа е во наш заеднички интерес“, рече Шолц.

Да потсетиме, Шолц беше наречен будала од блискиот сојузник на Трамп, мултимилијардерот Илон Маск.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски