Разбиена мрежа „вински фалсификатори” во Италија

Од:

Италијанските карабињери во Фиренца, во соработка со Европол, разоткрија мрежа „вински фалсификатори”, кои преку интернет продавале лажно, фалсификувано вино од врвни италијански брендови.

Како што соопшти Европол, рации се извршени во осум области во Италија. Истрагата открила дека виното со низок квалитет било полнето во шишиња со оригинални етикети, а потоа тие биле продавани како вистински на интернет-аукциска платформа.

Шишињата се собирале како искористени, од повеќе ресторани.

Вината се продавале во Белгија, Франција, Германија, Италија, Шпанија и САД, честопати и за многу пониска цена од онаа на пазарот. Сепак, цената за некои од фалсификуваните вина во големо шише од 1,5 литра, достигала и до 1.000 евра по шише.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он