Разбиена меѓународна мрежа на трговци со воено оружје во Руан

Од:

Француската жандармерија соопшти преку својот профил на Твитер дека разби меѓународна мрежа на трговци со оружје, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според првите сознанија, во акцијата се уапсени 48 лица, кои се ставени во притвор, а биле запленети и 546 парчиња оружје.

Истрагата била водена подолго од една година и беше забрзана откако едно лице, за кое се сомнева дека е шеф на мрежата беше уапсено во февруари.

Ова лице живее меѓу Франција и Луксмебург и е обвинето дека продавало оружје на интернет, посебно за клиенти од странство. Станува збор за воено оружје.

Со истрагата се откриени околу 70 негови клинети, по што вчера беше извршена акција на апсење низ цела Франција. И при апсењето на наводниот шеф на мрежата било пронајдено значајно количество на оружје и муниција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано