Шпанската полиција соопшти денеска дека 75 луѓе се уапсени во Шпанија и Франција во акција во која е разбиен синџир за трговија со луѓе.
Како што е соопштено, тие илегално пренесувале кинески емигранти во Европа и САД. Во акцијата уапсени се и главните оперативци на групата за Европа, кои биле во Барселона.
Во заедничката акција уапсени се 51 човек во Шпанија и 24 во Франција.