Разбиен ланец на детска порнографија

Од:

Полицијата во Чешка приведе 32 лица меѓу кои и двајца полицајци, поради обвинение дека преку интернет ширеле материјали со детска порнографија.

-Полицијата на овој случај работеше од 2001 година, изјави портпаролката на полицијата Соња Будска, која додаде дека уште осум лица ќе бидат обвинети за овој случај, пренесе „Франс прес“.

Во серијата акции ширум државата запленети се десетина компјутери, камери, мобилни телефони и друго.

Минатата недела во Полска поради материјал со детска порнографија приведени беа 21 лице.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот