Кубанскиот претседател Раул Кастро уште еден мандат ќе биде на чело на Комунистичката партија, соопшти денеска партијата по тридневниот конгрес, што се одржува на пет години.
На конгресот, исто така, е одлучено и дека другите високи партиски претставници ќе ги задржат своите позиции и покрај тоа што Раул Кастро во неделата изјави дека постарите членови на Комунистичката партија да не се надеваат на кариера и да „си играат со своите внуци“.
Кубанските државни медиуми објавија дека на свеченото затворање на конгресот присуствувал и лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро.
За разлика од свеченото отворање, затворањето на конгресот не се пренесува во живо на кубанската државна телевизија, а државните медиуми досега не објавија слики од Фидел, кој има 89 години.