Раул Кастро: Куба е солидарна со Венецуела во судирот со ОАС

Од:

 Кубанскиот претседател Раул Кастро изјави дека Куба е солидарна и целосно на страната на Венецуела во нејзиниот судир со Организацијата на американканските држави (ОАС).

На Самитот на земјите од Карибскиот регион, Кастро изјави дека Хавана е на страната на „легитимната влада“ на претседателот Николас Мадуро, овинувајќи ја ОАС дека се претворила во „инструмент на империјалистичката доминација“.

Куба не е членка на ОАС уште од 1962 година, но по обновата на дипломатските однсои со САД, најавена е можност оваа островска земја да се врати во континенталната организација.
– Куба нема никогаш да се врати во ОАС, во сегашните услови на судирот на организацијата со Венецуела, истакна Раул Кастро.

Мадуро е во остар судир со ОАС по барањето на венецуелската опозиција за организирање референдум за негово отстранување од функцијата, но тој и владата го отфрлаат таквото барање.
Уставот на земјата предвидува отповикување на шефот на државата по пат на референдумско изјаснување, но Мадуро не ги прифаќа собраните преку 1,5 милион потписи, обвинувајќи ја опозицијта дека манипулирала со потписите.

По декемвриските парламентарни избори, опозицијата ја има целосната контрола врз Парламентот, но Мадуро управува со Владата и под негова контрола се судскиот систем и државната администрација.

Минатата недела, ОАС повика на одржување вонреден Самит за ситуацијата во Венецуела.

Генералниот секретар на Организацијата Луис Алмарго оцени дека земјата се наоѓа во „институционална криза“, која мора итно да се разреши и побара санкции за Венецуела.
Николас Мадуро ги обвини ОАС и Алмарга за мешање во внатрешните работи на земјата и организира протести против Организацијата.

Куба и Венецуела се сојузници уште од времето на Уго Чавез, кој со Фидел Кастро склучи специјален договор, врз основа на кој Кубанците добиваат венецуелска нафта, додека за возврат илјадници кубански лекари и учители работат во Венецуела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД