Растурен камп на имигранти во центарот на Париз

Од:

Француската полиција утрово го разурна камп што беше подигнат под мостот на воздушното метро „Ла Шапел“ во центарот на Париз, каде  во неподносливи услови живееја над 350 имигранти.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, официјалното образложение за ваквата постапка на полицијата е дека тоа е направено поради санитарни причини.

Пред да започант со евакуацијата на имигрантите, силите на редот воспоставија безбедносен периметар околу кампот. На местото беа присутни и повеќе хуманитарни асоцијации, кои учествуваат во прераспределбата на имигрантите и нивното сместување на други места.

Растурањето на кампот беше најавено уште за време на изминатиот викенд, откако на имигрантите им беше даден рок од 48 часа да го напуштат местото.

Меѓу 350 лица кои живееа во кампот, најголемиот број беа од Судан, Ертреја, Сомалија и Египет.

Француската министерка за социјални работи Марисол Турен ја оправда операцијата со образоложение дека санитарнитре услови биле такви, што во дивиот камп постоеле ризици од епидемии, на прво место за тие кои живееа во него.

Предвидено е евакуираните лица да бидат згрижени од француските власти и хуманитарните организации во соодветни и пристојни животни услови.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата