Расте бројот на жртвите на трговија со луѓе

Од:

Државјани на Бугарија, Романија, Германија и Франција се меѓу главните осомничени жители на Европа за трговија со луѓе, покажува извештајот на Евростат за периодот 2008-2010, кој денеска го објави Европската комисија.

Главни жртви на трговијата се жители на Бугарија и Романија.

Околу поливина од сите трговци со луѓе (45 отсто) имаат документи за идентификација од Европската унија, а останатите 55 проценти од други држави, при што најзастапени се Нигерија, Кина и Турција.
Во Бугарија, Холандија, Данска, Финска, Словенија, Словачка и Шведска во набљудуваниот период е забележано згоемување на трговијата со луѓе.

Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром изјави на пресконференција дека ЕК работи заедно со бугарските и романските власти за намалување на овие тенденции.

Таа посочи дека жртвите на трговијата се пред се претставници на ромската заедница.

Во тој период во ЕУ се регистрирани вкупно 23.632 жртви на трговија, а 68 отсто од нив се жени, 17 се мажи, 12 отсто се девојчиња, а три проценти се момчиња.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он