Расте бројот на заразени во Лисабон, викендов никој не смее ни да влезе, ни да излезе од градот

Од:

Жителите на Лисабон не смеат да го напуштаат градот за време на викендите, додека тамошните власти се борат со зголемениот број новозаразени со коронавирусот, соопшти денеска португалската Влада.

Забраната ќе важи од 15 часот во петок до 6 часот наутро во понеделник. Жителите надвор од областа на Лисабон нема да смеат да влезат во главниот град.

Во десетмилионската Португалија, вчера беа регистрирани 1.350 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување од февруари досега. Повеќето нови случаи се идентификувани во и околу главниот град.

Скокот на бројот на инфекции се случи еден месец откако Португалија ги отвори границите за посетителите од Велика Британија и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија