Невладина венецуелска организација соопшти дека бројот на убиства во државата е зголемен во 2015 година и за првпат е на пат да стане една од најопасните во светот.
Венецуелскиот Центар за анализа на пројави на насилства, соопшти дека само во оваа година во државата се извршени 27.875 убиства што значи – 90 убиства на 100.000 жители.
Минатата година Центарот соопшти за 82 убиства на 100.000 жители, а во 1998 година – 19 убиства на 100.000 жители.
Венецуелските власти обично ги оспоруваат податоците на таа организација и соопштуваат за пониски цифри за тој вид криминал.