Расте бројот на разводи, а паѓаат бројот на нови бракови и абортуси во Сингапур

Од:

Сингапурската статистика денеска објави дека во оваа петмилионска држава се бележи зголемување на бројот на разведени, а се намалува бројката на нови бракови. Иако процентите не се драматични, статистиката за земени и разведени двојки се најде на првите страници на тамошните весници.

Сингапурската статистика уште од 1984 година ги следи и анализира браковите според образованието, етничката припадност, возраста и квалификациите на партнерите што стапуваат во брак, или се разведуваат. За минатата година, кога се регистрирани 26.250 нови бракови, што е 6 посто помала бројка од претходната, но рекордна година, карактеристично е што нова брак озакониле најмногу припадници на малајското малцинство, а најбројните, со кинеско етничко потекло склучиле помалку бракови.

Брачните двојки со кинеско етничко потекло лани повеќе од другите побарале и добиле развод. Крај на брачната заедница прогласиле партнери од 7.525 семејства, а тоа е 4 посто повеќе од разведените во 2012 година.

На најниско, како што се наведува, историско ниво е смален бројот на абортусите. Првпат во 30 години, од како е воведено задолжително лекарско мислење за жените што сакаат да ја прекинат бременоста, бројката на абортуси паднаа на 9.282, што е 13 отсто помалку од 2012 година. Во 1989 година во Сингапур биле забележани 32.000 абортуси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска