Раст на популарноста на Шведските демократи во пресрет на изборите

Од:

Крајно десничарската, евроскептичната партија Шведски демократи во анкети по популарност ја престигна водечката опозициска партија, само неколку недели пред парламентарните избори во Шведска, закажани на 11 септември.

Според најновото истражување на јавното мислење од страна на шведската телевизија СВТ и агенцијата Новус, Шведски демократи сега се главен противник на владејачката малцинска коалиција, предводена од Шведската социјалдемократска партија на премиерката Магдалена Андерсон.

Шведски демократи се поддржани од 21,5 отсто од анкетираните, во однос на 17,4 проценти гласачи наклонети кон опозициската либерално – конзервативна Умерена партија. Владејачките социјалдемократи имаат поддршка од 27,8 отсто од избирачите.

На прашање за шансите да стане премиер, лидерот на Шведски демократи, Џими Акесон одговори дека не сака да зборува за тоа пред изборите.

Како што јавуваат локалните медиуми, на партијата Шведски демократи, формирана во 1988 година како наследничка на Шведската партија, ѝ се припишуваат екстремниот национализам, ксенофобија, антимигрантска политика, антиглобализам.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски