Раст на бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот

Од:

Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА.

Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски.

Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата.

И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со полициски час.

Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови.

Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени.

Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио