Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека Украина може да стане членка на Алијансата кога Парламентот ќе одлучи за тоа и кога ќе ги исполни потребните услови.
– Украина засега води неврзана одбранбена политика, а за членство можеме да разговараме откако таа официјално ќе се измени, истакна Расмусен на прес-конференција во Брисел, коментирајќи ја најавата на украинската Влада дека ќе бара прием во НАТО.
Тој објасни дека одлуката за барањето за членство зависи од украинскиот Парламент, кој ќе биде формиран по октомвриските избори, но и дека Украина пред зачленувањето мора да исполни некои политички и технички услови.
– Тоа се критериуми кои важат за било која друга земја, истакна генереланиот секретар на НАТО.