Расмусен: Убеден сум дека хемиските напади се дело на сирискиот режим

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, на денешната прес-конференција во Брисел порача дека разузнавачките податоци што ги има Алијансата го прават сигурен дека зад нападите со хемиско оружје од 21 август во Сирија стои режимот во оваа земја.

Притоа, како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, првиот оперативец на НАТО побара меѓународната заедница да реагира, отфрлајќи ја можност Алијансата да се вклучи во можна воена операција, освен во случај Турција, како земја членка и сосед на Сирија, да биде нападната.

– Нападот со хемиско оружје во околината на Дамаска е факт дека се случи на 21 август. Тој однесе стотици животи, па затоа истото не може да се игнорира. Има причина што хемиското оружје е забрането, а тоа е оти истото е варварско оружје за кое нема место во 21-от век, посочи Расмусен на средбата со новинарите во Брисел.

Според генералниот секретар на воено-политичката алијанса членките на НАТО ја сметаат употребата на хемиското оружје како закана за меѓународниот мир и безбедноста, па поради тоа членките меѓусебно се консултираат, изразувајќи силна солидарност со Турција и целта да се заштитат границите на оваа земја.

– Говорејќи како екс-премиер на Данска, јас ја разбирам и поддржувам одлуката на некои индивидуални членки на НАТО, што размислуваат да одговорат на овие случувања. Ние веќе имаме поставено Патриот ракети во Турција со цел одбрана на турскиот народ и територија во случај на напад. Како и да е постои потреба од одговор на случувањата во Сирија, оти ако го игнорираме ова испраќаме опасен сигнал до диктаторите ширум светот дека може да користат хемиско оружје без реакција од меѓународната заедница, дециден е Расмусен.

Генералниот секретар на Алијансата истакна дека тој нема информации оти зад хемиските напади стојат бунтовниците во Сирија, па дека, според него, начинот на кој се изведени нападите посочуваат на сирискиот режим.

Запрашан за тоа како, доколку дојде до воен одговор на случувањата во Сирија, смета дека некои од членките на НАТО што индивидуално ќе го сторат истото, би требало да реагираат, генералнио секретар со одговор: „Ако одговорот е воен напад, тогаш тој треба да биде краток и да биде насочен кон прецизни цели. За тоа не е потребен системот на НАТО“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море