Расмусен: Следната мисија на НАТО во Авганистан ќе има помал број војници

Од:

Следната мисија на НАТО во Авганистан од 2015 година ќе биде со помал број, но се уште немаме конкретна одлука, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен на пресконференцијата по завршувањето на дводневниот самит во Брисел на министрите за одбрана.

Тој истакна дека се уште не е одлучено и колку долго би продолжила новата мисија. ИСАФ продолжува до крајот на идната година, со вкупен број од околу 130.000 војници.

Расмусен истакна дека во последните години со предавањето на ингеренциите на авганистанските сили за безбедност бројот на локални полицајци и војници се искачил на 75.000 лица.

– Авганистанските безбедносни сили се покажаа во битката со бунтовниците. Авганистанците сами треба да го изградат своето општество, ние можеме да им помогнеме само во воспоставување на безбедноста, наведе Расмусен.

Тој по повод денешната седница на комисијата НАТО-Украина истакна дека Алијансата сака дополнително да ги зајакне односите со Киев, додавајќи оти одлуката донесена на самитот на НАТО во Букурешт 2008 година за прием на Грузија и на Украина останува во сила.

– Украина сама одлучува како да ги развива односите со нас, но има силен интерес за развој на практичната соработка, наведе Расмусен.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството