Расмусен: Сирискиот режим е близу колапс

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е близу пропаст и оти треба да се преземат итни мерки за почеток на разговори за политичка транзиција во оваа земја.

– Сметам дека режимот во Дамаск е близу колапс… само е прашање на време кога ќе дојде до тоа, истакна Расмусен на прес-конференција во Брисел.

Тој додаде дека Асад треба да „започне процес со кој ќе ги задоволи легитимните барања на сирискиот народ“.

Генералниот секретар на НАТО го осуди користењето на ракетите „Скад“ против бунтовниците.

– Тоа што сириската Влада користи ракети со краток дострел од типот „Скад“, е потврда за целосна негрижа за животот на сириското население, нагласи Расмусен.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана