НАТО е подготвен да ја зголеми својата помош за Украина против руската агресија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен на прес-конференција во Киев.
Тој објасни дека НАТО нема да и доставува оружје на Украина, но земјите-членки можат да го произведат.
– Што се однесува на испораките на воена опрема, тоа не е работа на НАТО. Во Алијансата со испораките на оружје не се занимава организацијата, туку нејзините членки, потсети Расмусен.
Генералниот секретар дозволи учество на Украина во воени вежби на Алијансата во најбрзо време. Тој ја повика Русија да ги повлече своите војници од границата со Украина.
– Русија продолжува да ја дестабилизира Украина и да ги поддржува сепаратистите, додаде Расмусен, објаснувајќи дека уривањето на малезискиот авион на 17 јули во Доњецк покажува какви се последиците од оваа поддршка.