Расмусен го осуди гранатирањето во Сирија

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен остро ги осуди денеска нападите со ракети од типот „скад“ на бунтовничките бази во Сирија.

– Тоа се очајнички акции на режимот кој се наоѓа пред колапс, рече Расмусен на прес-конференција во Брисел.

Реакцијата уследи откако од повеќе извори пристигнаа извештаи дека војската лојална на претседателот Башар ал Асад вчера го гаѓала упориштето на бунтовниците со ракети од среден дострел „скад“.

НАТО порано оваа недела почна по должината на турската граница со Сирија да поставува антиракетни системи „патриот“ во случај граѓанската војна во Сирија, која досега однесе најмалку 40.000 животи, да се прошири на Турција.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана