Расмусен го информираше Лавров за разместувањата на „Патриот“ во Турција

Од:

НАТО ја увери Русија дека плановите за распоредување на ракетниот  комплекс „Патриот“ во Турција нема да вклучуваат активности против Русија.

Ова го изјави,  за време на седницата на Советот Русија-НАТО на ниво на министри за надворешни работи, генералниот секретар Андерс Фог Расмусен, објави  ИТАР-ТАСС.

“Во духот на отвореност и транспарентност претходно го информирав министерот за надворешни работи на Русија,  Сергеј Лавров дека секое распоредување на средства на НАТО против Сирија ќе биде со чисто одбранбен карактер. Сега ние го повторивме тоа на седницата на Советот Русија-НАТО “, рече Расмусен.

Според него, не се водени  разговори за создавање на зона, забранета за летови и секакви други офанзивни дејствија.

Расмусен додаде дека системот „Патриот” ќе биде користен во целосна согласност со целите на Алијансата за заштита на населението и територијата на Турција.

„Ова може да вклучува пресретнување на проектили, како со хемиски, така и со конвенционални боеви глави”, рече тој.

Лавров нагласи по средбата во Брисел,  дека Москва не се обидува да ја спречи Турција да го користи правото на самоодбрана.

„Имаме чисто политички стравувања дека конфликтот продолжува и се  повеќе и повеќе  се милитаризира”, истакна Лавров.

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ