Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен побара денеска од членките на ЕУ да вложат повеќе пари во развој на воената индустрија и набавка на беспилотни летала.
– На силна Европа и треба силна воено-индустриска база, изјави тој на својот видео блог укажувајќи дека европските членки во НАТО се повеќе заостануваат зад САД кога станува збор за трошоци за одбрана и развој на воена технологија.
Расмунсен додаде дека европската воена индустрија е фрагментирана и ограничена на национално ниво наместо да интегрира ресурси заради ефикасен развој.
– Би сакал државите членки да набават повеќе беспилотни летала за да се подобри системот за надгледување, додаде Расмунсен.
Според него стратешките намери на САД во азиско-пацифичкиот регион не значат откажување од Европа.