Од клучна важност е во врска со решавањето на кризата во Сирија, на маса да биде и воената опција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен.
– Сметам дека е многу важно да се одржува импулс во дипломатскиот и политички процес, односно воената опција и понатаму да е на маса, изјави Расмунсен на средба организирана од фондацијата Карнеги Европа.
Расмунсен додаде дека смета оти „воената опција и понатаму ќе биде на маса без оглед на исходот од преговорите во Советот за безбедност на ОН“.