Расмунсен го повика Пјонгјанг да прекине со провокативната реторика и активности

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска го повика Пјонгјанг под итно да ги прекине своите заканувачки активности, а ја пофали Јужна Кореја дека се обидува да бара дијалог за намалување на напрегнатоста на Корејскиот полуостров, пренесе ДПА.

Расмусен, кој вчера стана првиот шеф на Алијансата кој ја посетил Јужна Кореја, потврди дека НАТО ја осудува „провокативната реторика и дејствија“ на Пјонгјанг, која „претставува сериозна закана за регионалниот и меѓународниот мир, безбедност и стабилност“.

На прес конференција во Сеул тој го повика Пјонгајнг да се откаже од заканите и стремежот да се здобие со оружје за масовно уништување, што е во спротивност со резолуциите на ОН.

Истовремено, Расмусен го повика Сеул да продолжи со обидите за наоѓање мирно решение на спорот преку дијалог.

Претседателката на Јужна Кореја, Пак Гуан-хе, вчера пред пратенциите од владеачката партија изјави дека таа има намера да го продложи дијалогот со комунистичкиот Север со цел да се намали напрегнатоста, забележува ДПА.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје