Расистички инцидент на англиски навивачи во париското метро

Од:

Англиски навивачи, за кои се претпоставува дека се симпатизери на лондонски Челзи, предизвикале расистички инцидент во Париз.

Инцидентот се случил на една од станиците на париското метро, кога Англичаните кои претходно скандирале „Челзи, Челзи“, почнале да туркаат еден патник на станицата, затоа што бил црнец, недозволувајќи му да се качи во возот

Човекот неколкупати се обидел да влезе во преполнетиот вагон, но неколкумина од групата навивачи,го турнале извикувајќи: „Ние сме расисти и ова е однесувањето што ние го сакаме“.

Целиот инцидент е снимен и се наоѓа на аматерска видео снимка, што лондонски „Гардијан“ ја објави на својата интернет страница.

Расистичкиот инцидент предизвика реакција од лондонската Метриполитен полиција и остра осуда од фудбалскиот клуб Челзи.

Претставник на полицијата објасни дека случајот во Париз „мошне сериозно се разгледува“. Тој рече дека лондонската полиција соработува со францските власти за откривање и апсење на сторителите.

Лондонскиот клуб во соопштението за јавноста порача дека Челзи соработува со полицијата и најави дека на учесниците во парскиот расистички инцидент ќе им биде трајно забрането да бидат дел од навивачите на клубот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата