Расцеп во УМП – најголемата опозициска партија во Франција

Од:

Неуспешните внатрешни избори за претседател на Унијата за народно движење –УМП, доведоа до расцеп во партијата, откако поранешниот премиер Франсоа Фијон одлучи да создаде своја парламентарна група со 55 пратеници од редовите на УМП.

Одлуката на Фијон, доаѓа откако комисијата за жалби на УМП ги отфрли жалбите за нерегуларни избори и го потврди изборот на Жан-Франсоа Копе за претседател на УМП.

Приврзаниците на Копе и Фијон во текот на изминатите осум дена си изрекоа тешки обвинувања за местење и лажирање на внатрешни избори, кои ќе остават тешки последици за политичкиот живот во Франција и посебно за класичната парламентарна умерена десница.

Најголемата опозициска партија во Франција се покажа неспособна да организира демократски избори за да избери кој ќе ја предводи, иако таа раководеше со Франција до пред само шест месеци.

Изборите во УМП, наликуваа на избори во африканските земји, според зборовите на самите протагонисти на истите. За претседател со полномоштво гласале 30.000 членови на партијата, односно една петина од членството, што дозволува да се шпекулира со гласовите на членството.

Фијон испрати судски извршител во просториите на УМП да ја констатира ситуацијата, најавувајќи тужба пред судот за лажирање на изборите од страна на Копе. Создавањето нова парламентарна група во Националното собрание од страна на поранешниот премиер Франсоа Фијон со 55 пратеници, бројка која може да достигне 120 пратеници од вкупно 194 колку што брои групата на УМП, е нова етапа во внатрешната немилсрдна преместка меѓу Фијон и Копе иако Фијон најави дека неговата парламентарна група ќе постои се додека не се одржат нови избори во УМП.

Поранешниот француски претседател Никола Саркози и поранешен претседател на УМП смета дека е подобро повторно да се гласа за избор на претседател на партијата. Барем засега не се очекува директно вклучување на Саркози во „изборната психодрама“ на УМП, бидејќи во нејзиното разрешува неуспех доживеа Ален Жипе, а Саркози сака да ги зачува сите негови шанси за повторно враќање на политичката сцена, според сите предвидувања во 2015 година по регионалните и општинските избори во Франција.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток