Раководството на Твитер препорача компанијата да му биде продадена на Маск

Од:

Раководството на Твитер едногласно им препорача на акционерите да ја одобрат предложената продажба на компанијата за 44 милијарди долари на американскиот иноватор Илон Маск, се наведува во документот доставен денеска до американските власти.

Основачот на „Тесла“, на „Спејс Икс“ и најбогатиот човек во светот, на минатонеделниот виртуелен состанок со вработените во Твитер, повтори дека сака да продолжи со аквизицијата, иако акциите на компанијата сè уште се значително пониски од цената што тој ја понуди, што ја доведува во прашање реализацијата на продажбата.

Акциите на Твитер денеска забележаа раст од околу три отсто, на 38,98 долари, што е многу помалку од 54,20 долари по акција што ги понуди Маск. Акциите на компанијата последен пат беа на тоа ниво на 5 април, кога Твитер му понуди на Маск место во одборот, пред тој да понуди да го купи целиот Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маск и понуди милиони долари на инфлуенсерката Сент Клер за да го прикрие раѓањето на нивниот син

Горан Наумовски

Маск: Советникот за трговија Питер Наваро е морон

А1он

Маск наводно побарал од Трамп да ги укине царините

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Илјадници Американци на околу 1.200 демонстрации против Трамп и Маск низ САД

Горан Наумовски

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа