Ракетен напад врз фабрика за бои во Израел

Од:

Палестинските екстремисти од Појасот Газа синоќа извршија ракетен напад врз фабрика за производство на бои во градот Сдерот во јижниот дел на Израел, соопшти израелската полиција.

При експлозијата во фабриката, која се наоѓа во индустриската зона на градот, избувнал пожар. При нападот и при пожарот нема загинати.

Полицијата информира дека ракетата била истрелана од територијата на Појасот Газа, кој е под контрола на палестинското радикално исламистичко движење Хамас.

Според полицијата, четворицата работници кои за време на нападот се наоѓале во фабриката успеале на време да го напуштат опожарениот објект. Приватната телевизија „10“ меѓутоа јави дека еден од работниците бил полесно повреден и префрлен во болница.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците