ВИДЕО: Ракетен напад на Киев, во делови од градот нема струја и вода

Од:

Утрово руските сили лансираа неколку проектили кон Киев, главниот град на Украина.

Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека се погодени неколку критични инфраструктурни објекти.

„Во некои делови од градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија и вода. Сите служби за итни случаи се на терен. Повеќе детали подоцна“, најави Кличко.

Олексиј Кулеба, началникот на воената управа на регионот Киев, утринава објави дека „ракетниот напад продолжува“, додавајќи дека украинската воздушна одбрана е активна.

Утрово освен во главниот град Киев, експлозии се слушнаа и во Харков.

Градоначалникот Ихор Тереков објави дека руските сили „погодиле критична инфраструктурна постројка во градот“, пишува Киев Индипендент.

И властите на Черскашкиот регион објавија дека е погоден важен инфраструктурен објект.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск