Ракета падна врз индискиот дипломатски комплекс во Кабул

Од:

Ракета падна врз дипломатскиот комплекс на Индија во авганистанската престолнина Кабул, на околу еден километар од местото каде почна меѓународната мировна конференција за Авганистан, на која учестуваат претставници од 23 држави, ЕУ, ОН и НАТО, пренесоа британските медиуми.

Сирени и предупредувања за ракетен напад се слушнаа во повеќе амбасади непосредно пред експлозијата на ракетата.

Полицијата соопшти дека во нападот нема настрадани. Ракетата удрила врз игралиште за тенис.

Во Кабул и претходно беа истрелувани ракети, најчесто непрецизно, а често пати кон утврдениот реон во центарот на градот, каде се наоѓаат дипломатските претставништа, седиштето на меѓународната воена мисија и авганистанските министерства.

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан