Рајснер: Времето му носи проблеми на Киев

Од:

Полковникот на австриската армија и воен аналитичар Маркус Рајснер во интервју за германскиот телевизиски канал n-tv изјави дека контраофанзивата на украинската армија е во мирување.

– Сè укажува дека украинската офанзива е закочена – тврди Рајснер, повикувајќи се на изјавите на американскиот генерал Марк Мили дека Киев има 30-45 дена да покаже резултати во контраофанзивата.

Рајснер понатаму наведува дека временскиот фактор ќе биде понеповолен за Украина, поради почетокот на сезоната на дождови и ерозијата на почвата.

Тој тврди дека пробивот низ утврдените руски позиции не продолжил и дека Украинците се уште се меѓу првата и втората линија на руската одбрана.

Според заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, чии зборови ги пренесува Киев пост, украинските сили напреднале во близина на Бахмут и на запад од областа Запорожје.

Наводните успеси се постигнати кај Клишчијевка и Андријевка, две населби недалеку од Бахмут.

Таа исто така вели дека украинските сили ослободиле вкупно 4,8 квадратни километри во областа Запорожје, јужно од Роботин и западно од Вербова. Таа додаде и дека борбите се водат во правец на Купјанск, а тврди дека украинската армија ги одбива руските напади кај Синкивка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната