Рајс: Извештајот на ОН за Сирија ги зајакнува аргументите на САД

Од:

Извештајот на ОН, во кој се потврдува употребата на хемиско оружје во Сирија во нападот на 21 август, ги зајакнува аргументите на САД дека сирискиот режим е одговорен за нападот, објави Белата куќа.

Советничката на американскиот претседател Барак Обама за национална безбедност Сузан Рајс изјави дека техничките докази во извештајот се значителни, вклучително тоа дека употребениот гас зарин бил со висок квалитет, како и дека за нападот бил употребен конкретен вид на ракета.

– Извештајот ја зајакнува нашата оценка дека нападите се извршени од сирискиот режим, бидејќи само тој бил во состојба да спроведе напад на таков начин, изјави Рајс.

Според неа САД се подготвени да употребат воена сила против Сирија, доколку дипломатскиот процес за уништување на сириското хемиско оружје, не постигне успех.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години