Шпанскиот тенисер Рафаел Надал остро се спротивставува на намерата на катлонските националисти, да се одржи референдум за независност на Каталонија и покрај забраната што ја изрече Уставниот суд на Шпанија.
Во интервју за мадридскиот весник „Ел Мундо„ Надал рекол дека „она што се планира да се направи во Каталонија, не би требало да се направи„.
– Според мене, секој мора да ги почитува правото и законите. Никој не може да ги прескокне законите само затоа што некому тоа му одговара- изјавил Надал.
Реакцијата на светскиот тениски прв рекет, е сосема различна од онаа на поранешниот фудбалер, а сега тренер Пеп Гвардиола, кој силно го подржува одржувањето на референдумот.
-Каталонците ке гласаат, дури и ако шпанската држава тоа не го сака- изјави во јуни годинава, поранешниот тренер на „Барселона„ на еден митиг во главниот каталонски град, организиран од сепаратистите.
Локалната каталонска влада во која доминираат националистите, одлучи на 1 октомври да се одржи референдум за независнст, иако претходно беше предупредувана дека тоа би значело прекршување на законот.
Рафаел Надал е роден и израснат во Мајорка, па тој покрај шпанскиот, го зборува и каталонскиот јазик.
Блиски ми се Каталонците, но се сметам себеси и за Шпанец, па затоа не сакам Шпанија да остане без Каталонија- вели Надал за „Ел Мундо„.
Тој е мошне популарен во Каталонија, па тениските терени во Барселона, на кои се одржува познатиот тениски турнир , од скоро се нарекуваат „Терени Рафаел Надал„.
Шпанскиот Уставен суд го прогласи претстојниот референдум за независност, за неуставен, па резултатот од изјаснувањето нема да има никаква правна сила.