Мала количина траги од радиоактивни честички се откриени во Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската Комисија за нуклеарна безбедност и заштита.
Радиоактивни изотопи на ксенон се откриени при анализи на примероци земени од почвата, воздухот и морската вода, нагласува Комисијата.
Потребни се дополнителни анализи за да се утврди дали изотопите се последица на севернокорејскиот нуклеарен тест и дали била направена проба на хидрогенска бомба.
Откриените траги од ксенон-133 не се сметаат за штетни за луѓето и животната средина.