ВИДЕО: Радикалзиација на противниците на хомосексуалните бракови во Франција

Од:

Противниците на хомосексуалните бракови викендов демонстрираат во повеќе градови на Франција, при што вчера во Нант го блокираа поаѓањето на брзиот воз ТГВ, јави дописникот ма МИА од Париз.

Околу 450 противници на хомосексуалните бракови се собраа вчера попладнето пред Конгресната палата во Нант, каде се одржуваа дебатните денови на неделникот „Нувел Обсеравтор“.

Седумдесетина од нив, на возарст од 20 до 25 години потоа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во зградата, притоа десетина од нив успеаја да влезат во салата каде независната новинарка Каролин Фурест водеше дебата посветена на исламот. Акцијата на противниците беше насочена против независната новинарка, која важи како борец за хомосексуалните бракови. По завршувањето на дебатата, таа и другите учесници беа придружени од полицијата, под чија заштита успеаа да излезат од зградата, испратени со извиците: „Оланд нацист“, „Оланд фашист“.

Двеста демонстранти потоа заминаа на железничката станица во Нант, каде го блокираа возот ТГВ кој требаше да замине за Париз и во кој се наоѓаа учесниците на дебатите организирани од неделникот „Нувел Обсерватор“, кој отворено застана во одбрана на хомосескуалните бракови. По пристигнувањето во Париз, новинарката Каролин Фурест беше пречекана од друга група на демонстранти кои ја селеда на железничката станица.

Според нејзината изјава дадена утрово за француското радио Франс Интер, таа во нив препознала припадници на крајно десничарските групации придружени од католички свештеник во мантија.

Демонстрациите во Нант ја принудија министерката за правата на жените и портпарол на владата Нажат Вало Белкакем која требаше да зборува денеска на дебатите организирани од „Нувел Обсерватор“, да ја одложи посетата поради безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски