Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Од:

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во арапска наметка џелаба и воена јакна и мавтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи уште една трагедија, по нападите со нож во Ница, во кои загинаа три лица.

По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето, на аголот од улицата „Рампарт д’Анеј“ и улицата „Виктор Иго“, според весникот „Ле Прогрес де Лион“.

Според информациите, станува збор за авганистански државјанин роден 1994 година, познат на разузнавачките служби по радикален исламизам.

Пјер Оливер, градоначалник на Вториот арондисман во Лион, преку Твитер ѝ се заблагодари на полицијата за интервенцијата што „помогна да се избегне нова трагедија“.

Во Франција, денеска се убиени три лица во терористички напад во Ница, од кои едното беше обезглавено, додека во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски