Радијацијата во околината на Фукушима 1 достигно ново рекордно ниво

Од:

Нивото на радијација во подземните води од техничкиот извор во близина на првиот и вториот реактор на јапонската нуклеарка „Фукушима 1“ достигна нови рекордно високи вредности.

Како што соопшти денеска компанијата-оператор ТЕПКО, при анализа на примерок од оваа вода, земен на 17 октомври, е регистрирано присуство на изотопи на цезиум-134 и цезиум-137 од 267.000 бекерели на литар.

Минатата недела при анализа на друг примерот од водата било забележано присуство на дотогаш највисокото ниво на радиоактивност во реонот на нуклеарната централа по хаваријата што се случи во 2011 година – изотопи на цезиум од 251.000 бекерели на литар.

Максималната дозволена концентрација во Јапонија на изотопи на цезиум во водата, која се излева во океанот, е 30 бекерели.

Драстичната промена во нивото на радијацијата се објаснува со ширењето на радиоактивни честици во подземните води поради поројните дождови предизвикани од двата тајфуна, кои неодамна минаа над Јапонија.

Би можело да ве интересира

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Ана Ололовска

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска

Јужна Кореја бесна на Јапонија за планот за испуштање на радиактивна вода од Фукушума во океанот

Ана Ололовска

Десет години од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Ана Ололовска

Стотина повредени во земјотресот во Фукушима

Катерина Ѓуровски

Радиоактивна вода од „Фукушима“ ќе биде исфрлена во океан

Ана Ололовска