Рад: Британија веројатно ќе ја напушти полициската служба Европол

Од:

Велика Британија веројатно ќе ја напушти европската полициска служба Европол по излезот од ЕУ и би можела да ги задржи за себе своите информации, доколку во иднина не постигне договор за безбедноста со Унијата, изјави денеска британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад.

Откако премиерката Тереза Меј денеска официјално ја покрена процедурата за излез на Британија од ЕУ, Рад предупреди дека неуспехот во постигнување договор за безбедноста би ја ослабнал соработката во борбата против криминалот и тероризмот.

– Договорот е во интерес за двете страни и безбедноста не е прашање за кое ќе се тргува, порача Рад.

Британија е еден од тројцата најголеми корисници на податоци од Европол, додека европските држави, исто така, имаат корист од информациите на Велика Британија од нејзиниот разузнавачки сојуз со САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

– Ние најмногу придонесуваме за Европол, затоа доколку ја напуштиме европската полиција, тогаш нашите информации, според законот, ќе ги задржиме за себе, нагласи британската министерка за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ