Работник на „Лекари без граници“ од Норвешка заразен со ебола

Од:

Организацијата „Лекари без граници“ во Норвешка соопшти денеска дека еден службеник на организацијата во Сиера Леоне е заразен со ебола.

Норвешкиот работник на „Лекари без граници“ е ставен вчера во карантин, откако добил температура, а анализите направени истиот ден покажале дека тој е заразен со вирусот ебола, наведе групата.

„Лекари без граници“ најавија дека заболениот ќе биде префрлен во Норвешка штом тоа ќе биде возможно, и оти ќе биде ставен во карантин во Осло.

И натаму се истражува како припадникот на „Лекари без граници“ е заразен, наведе организацијата.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани